На изборите учествуваат четири коалиции и 11 партии со вкупно 1.578 кандидати
Новиот собраниски состав се очекува да биде конституиран до 5-ти август, односно во рок од 20 дена по изборите.

На овие избори учествуваат четири коалиции и 11 партии, со вкупно 1.578 кандидати за 120 пратенички места. Поради тоа што не беше постигнат потребниот број на пријавени избирачи во дипломатско- конзуларните претставништва во земјава, овие избори ќе поминат без гласање во дијаспората.
Новиот собраниски состав се очекува да биде конституиран до 5-ти август, односно во рок од 20 дена по изборите.
Почнуваат да тече рокот од 10 дена во кој претседателот ќе треба да го даде мандатот за состав на Влада на партијата/ коалицијата која ќе обезбеди најмалку 61 пратенички глас во новото Собрание.
Во рок од 20 дена од добивањето на мандатот, мандатарот треба да ја состави новата Влада и да достави во Собранието програма за работа.
