Почна гласањето за десеттиот парламентарен состав
Почна гласањето за десеттиот парламентарен состав. Денеска правото на глас го остваруваат болните од ковид и лицата во самоизолација. 54 одбори со посебни протоколи за заштита одат во нивните домови. На овие избори право на глас според Избирачкиот список на ДИК имаат 1.814.263 гласачи. Избирачкиот процес на петтите предвремени парламентарни избори ќе трае три дена. Избриачките места во среда на 15- ти јули ќе бидат отворени до 21 часот, а граѓаните ќе мора да носат заштитни маски при гласањето...

Со гласање на 706 лица кои се болни од Ковид- 19 или во самоизолација почна изборниот процес за предвремените парламентарни 10-ти по ред избори. Во вторник ќе гласаат болните и изнемоштените, а во среда сите граѓани на државата кои се запишани во избирачкиот список. Право на глас имаат 1.814.263 гласачи. Од Државната изборна комисија велат дека се подготвени за спроведување на изборниот процес и дека не очекуваат проблеми, за кои и ако ги има, велат ќе ги разрешат.
На предвремените парламентарни избори, избирачите имаат можност да гласаат за една од четирите коалиции и 11 партии, со вкупно 1.560 кандидати за 120 пратенички места.
Ќе се гласа на 3.480 гласачки места во земјава. Изборите ќе ги набљудуваат 2.508 домашни набљудувачи, 96 странски, а за известување се акредитирани 55 акредитираницстрански новинари.
Поради кризата со пандемијата, овие избори се со одобени безбедносни протоколи и ќе траат два часа подолго, односно ќе се гласа од 7 до 21 часот.
Миле Ристески
