Гласаат заболените од Ковид-19 и во самоизолација

13.07.2020 13:20

Од 706 пријавени со Ковид и во самоизолација, 29-мина се во Прилеп. Специјалниот одбор медицински лица според протоколите со скафандери и примена на мерките оди во нивите домови. Велат имаме само краток контакт и користиме заштина опрема и дезинфекција.

Со скафандери, со комплетна заштитна опрема и со детални подготовки, во Прилеп се спроведува денешното гласање. За прв пат, во тридневниот гласачки процес на парламентарните избори, специјален одбор од медицински лица е ангажиран за гласањето на заболените и граѓаните во изолација.

Од 60-ина активни случаи и близу 90 во изолација, за денешното гласање се регистрирани 29 лица. Одоборот беше во нивните домови.

Запечатените гласачки ливчиња ќе бидат распоредени во избирачките места. Гласањето  се одвива непречено и без проблеми.

Елизабета Митреска