Казна затвор од 19 години за Ангела Ѓорѓивска за убиството на Пино

13.07.2020 14:48

Судот ја прогласи за виновна за помагање во извршување на убиството што се случи на 11 декември 2018 година.

Ангела Ѓорѓиевска обвинета за соизвршител на  убиството на Пинета Секондо Пино доби затвроска казна од 19 години. Судот ја  прогласи за виновна за помагање  во извршување на убиството што се случи на 11 декември 2018 година.

Надлежен јавен обвинител во постапката докажа дека критичниот ден, Ѓорѓиевска го повикала сега починатиот Пинета Секондо Пино, да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат другиот осомничен А.Ф., кој носел  со себе огнено оружје – пушка и со кого заедно го киднапирале и го убиле.

22 годишната Ѓорѓиевска помогнала безживотното тело да го внесат во кола и да го закопаат во атарот на Љуботен. Судијата при изрекување на пресудата истакна дека во одредување на казната биле земени предвид олеснителните и отежителни околности кои надвладеале бидејќи обвинетата Ангела Ѓорѓиевска во текот на судењето никогаш не покажала каење.

За осомничениот А.Ф. постапката е прекината бидејќи им е недостапен на органите на прогонот. Од Обвинителството тврдат дека се преземаат интензивни дејствија за негово пронаоѓање.