Во Охрид гласаат 230 стари, болни и изнемоштени лица

14.07.2020 12:51

83 годишната Климентина Николоска од Стар Град, Охрид за прв пат гласаше од дома.. болеста ја парализирала, ја ставила во инвалидска количка, но тоа не ја спречило да се откаже од демократското право на глас...

83- годишната Климентина Николоска од Стар Град, Охрид за прв пат гласаше од дома. Болеста ја парализирала, ја ставила во инвалидска количка, но тоа не ја спречило да се откаже од демократското право на глас.

Поранешната учителка, возбудена со солзи во очи, вели болестите и староста се дел од животот, но мора да се поминат. Гасањето за неа е свет чин.

„Секоја година си гласав на избирачко место. Лани отидов со дубак едвај, ама имам желба секоја година кога се гласа да гласам. Така сум задоена и вопситана и сите ние три сестри“, вели Климентина Николоска, поранешна учителка.

Избирачките одбори утрово ги направија сите подготовки. Поради пандемијата сите членови носеа заштитни маски и ракавици и дезинфекцино средство со кое што се дезинфицираа граѓаните пред гласањето.

„Во избачкото место 1251 има 780 гласачи, на денот пред изборите денес гласаат седум болни и изнемоштени лица. Како и минатите години исто, се надевам сите што се пријавени сите гласаат, вели Милчо Лобоски, престедстел на Избирачко место.

По направената идентификација, додека старите и болните го пополнуваа гласачкото ливче, членовите на избирачкиот одбор стоеја свртени со грб, за да им се даде можност за тајно гласање.

Екипата на МРТВ денес на терен заедно со избирачките одбори во Стар град. Денес во Охрид гласаат вкупно 230 стари, болни и изнемоштени лица.

Соња Рилковска