Прилеп: Гласаат 44 штитеници од Домот за стари лица од 17 општини

14.07.2020 13:01

Во прилепскиот Дом за стари лица, цел ден е отворено избирачко место. Гласањето се одвива непречено. Во Прилеп, денеска гласаат 489 болни и изнемоштени лица...

Станка Миленкоска и Петре Петрушески со уште 124 штитеници во прилепскиот дом за стари лица ги поминуваат годините и деновите во грижата за себе и во дружењето. Уверуваат дека не се чувствуваат осамени, има малку носталгија, но што е најбитно- се чувствуваат заштитени. Особено стресни се овие месеци со пандемијата. Го оствариле своето право на глас на првото избирачко место за нив.

Дислоцирано е гласањето на граѓаните од Домот. За прват тука гласаат само штитениците. Од 126 штитеници денеска гласаат 44 од 17 општини од земјава

Гласањето се одвива непречено и без проблеми. Во Прилеп денеска гласаат 489 болни и изнемоштени лица.

Елизабета Митреска