ЈО: Итно и со приоритет се постапува по сите индиции за кривични дела поврзани со изборите
Од Обвинителството повикаа, секој оној кој смета дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес, да поднесе пријава до комисијата на електронската адреса [email protected] ...

Јавното обвинителство информира дека привремената комисија за следење евентуални нерегуларности во континуитет ги следи случувањата поврзани со изборниот процес. Оттаму велат дека итно и со приоритет се постапува по сите индиции за извршени кривични дела поврзани со изборите.
„Јавните обвинители целосно се посветени на борбата против кривичните дела поврзани со изборниот процес и гласањето. Комисијата продолжува перманентно да го следи процесот на гласање, за што се воспоставени и дополнителни дежурства во јавните обвинителства за деновите кога се врши гласањето“, велат од Обвинителството.
Од Обвинителството повикаа, секој оној кој смета дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес, да поднесе пријава до комисијата на електронската адреса [email protected] или до надлежните основни јавни обвинителства.
