Во истражниот затвор во Шуто Оризари гласањето се одвива без проблеми
Во Казнено- поправниот дом Скопје, во Шуто Оризари, гласањето се одвива без проблеми. Од пријавени 159, право на глас имаат 136 лица. Од Избирачкиот одбор, велат дека се запазени сите процедури за заштита од Ковид- 19. Задолжително е одржувањето на физичка дистанца во текот на целиот процес, како и миење на раце и дезинфекција по завршување на процесот.

На вториот ден од гласањето на предвремените парламентарни избори, без проблеми во истражниот затвор во Шуто Оризари. 136 луѓе се со право на глас. Од избирачкиот одбор велат дека се запазени сите процедури за заштита од Ковид- 19. Одржувањето физичка дистанца е задолжително.
При влез во гласачкото место, гласачот најпрво ги дезинфицира рацете, по што накратко ја симнува маската за идентификација, а по завршувањето на гласањето, рацете повторно се дезинфицираат.
Дијана Ценевска
