Десетти парламентарни избори, петти предвремени
Македонија гласа на десеттите по ред парламентарни избори. Од независноста, петти предвремени. Во трка се четири коалиции и 11 политички партии...

Македонија гласа на десеттите по ред парламентарни избори. Од независноста, ова се петти предвремени. Учествуваат четири коалиции и 11 политички партии. Поради пандемијата со Ковид-19, се гласа три дена, а избирачките места ќе бидат отворени два часа подолго од досега, од 7 до 21 часот.
Избори се организираат на 3.480 избирачки места во шест изборни единици, под посебни протоколи и мерки за лична заштита. На избирачкиот список се запишани еден 1.814.263-ца граѓани.
Куманово е општина со најголем број гласачи- 93.600, а Лозово е со најмал број, помалку од 2.000. Изборите ќе ги следат 2.508 домашни и 96 странски набљудувачи, а акредитирани се и 55 странски новинари.
