Народен правобранител: Граѓаните да пријават каква било повреда на избирачкото право

15.07.2020 10:49

Отворени ќе бидат канцелариите во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне на граѓаните во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

Во канцеларијата на Народниoт правобранител, од 7 до 21 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право, информираат од канцеларијата на Омбудсманот.

Отворени ќе бидат канцелариите во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне на граѓаните во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

Народниот правобранител потенцира дека избирачкото право е уставно загарантирано и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право.

Омбудсманот апелира до сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање.