Панчевски сам се пријавил во Истражниот затвор- Скопје
15.07.2020 15:08
Претходно Министерството за внатрешни работи по Панчевски распиша национална потерница, откако по решение за притвор од Велешкиот Основен суд, не беше пронајден од страна на полицијата.

Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски на пладне сам се пријавил во Истражниот затвор- Скопје. Претходно Министерството за внатрешни работи по Панчевски распиша национална потерница, откако по решение за притвор од Велешкиот Основен суд, не беше пронајден од страна на полицијата.
Судскиот совет, Панчевски го разреши во декември лани. Му беше одреден 30-дневен притвор заради обезбедување за судење, бидејќи тој не доаѓаше на закажаните рочишта.
Следното судење за овој предмет е закажано за 24-ти јули.
