Едно лице приведено, МВР регистрира случаи на агитирање
Едно лице на избирачко место во Скопје почнало расправија со претставници на Избирачкиот одбор, и во еден момент потегнал за чантата претставничка на Избирачкиот одбор и со неговиот мобилен телефон ја фотографирал просторијата. Лицето е лишено од слобода.

Од отворањето на гласачките места досега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, и се пријавени неколку случаи за нерегуларности за време на гласањето по кои постапува МВР.
Едно лице на избирачко место во Скопје почнало расправија со претставници на Избирачкиот одбор, и во еден момент потегнал за чантата претставничка на Избирачкиот одбор и со неговиот мобилен телефон ја фотографирал просторијата. Лицето е лишено од слобода.
Гласањето на другите избирачки места се одвива мирно, со почитување на протоколите. Во МВР се пријавени неколку случаи на агитирање, испишани графити на избирачки места, организиран превоз на гласачи до гласачки места и неколку пријави за наводно нудење пари за глас.
