ОЈО: Пристигнати неколку известувања за евентуални изборни нерегуларности

15.07.2020 15:17

Лице на бензиска станица во село Василево нудел ваучери за гориво за да се гласа за определена политичка партија. Обвинителството издало наредби за обезбедување на видео камери, видео записи и преземање дејствија во насока на утврдување на фактите.

Од Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето информираат дека до 13 часот во Основните јавни обвинителства и преку електронската адреса [email protected], пристигнале неколку известувања за евентуални изборни нерегуларности.

Лице на бензиска станица во село Василево нудел ваучери за гориво за да се гласа за определена политичка партија. Обвинителството издало наредби за обезбедување на видео камери, видео записи и преземање дејствија во насока на утврдување на фактите.

Синоќа во селото Добрадинци, лице нудело пари за да се гласа за определена политичка партија, а пак во селото Дражево, лице вработено во Центарот за социјални работи вршело агитација со закани за да се гласа за определена политичка партија.