Отворена програма- Парламентарни избори 2020 вечерва од 20:55

15.07.2020 17:50

Директно од пред Законодавниот дом, вечерва со почеток од 20 часот и 55 минути, на првиот програмски канал на МРТ гледајте ја Отворената програма посветена на предвремените парламентарни избори.

Заврши партискиот натпревар, граѓаните ги слушнаа ветувањата, но слушнаа и снимени разговори. Што препознаа гласачите? Нивниот одговор вечерва пред храмот на демократијата во отворената програма на отворено, со Катерина Топалова и Стојан Трпчевски.

Отворената програма следете ја во живо на следниот линк