Падна веб- страницата на ДИК за објавување на резултатите од гласањето

15.07.2020 23:01

Од ДИК велат дека станува збор за технички проблем за чие надминување работат ИТ експерти.

Веб- страницата на Државната изборна комисија на која треба да се објавуваат резултатите од предвремените парламентарни избори (rezultati.sec.mk), повеќе од еден час не функционира.

Од ДИК велат дека станува збор за технички проблем за чие надминување работат ИТ експерти. Во меѓувреме, резултатите од гласањето пристигнуваат во ДИК.