ДИК: СДСМ 36,9; ВМРО-ДПМНЕ 35,9; ДУИ 10,18; АА и А 8,13
15.07.2020 23:58
Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ води со освоени 36,9 отсто од гласовите пред Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ- „Обнова на Македонија“, која има 35,9 проценти.

Од преброени гласови од 2.491 од вкупно 3.480 гласачки места, или околу 72 проценти од избирачките ливчиња, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ води со освоени 36,9 отсто од гласовите пред Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ- „Обнова на Македонија“, која има 35,9 проценти.
Податоците објавени од ДИК, покажуваат дека за ДУИ гласале 10,18 проценти од гласачите, за Алијанса на Албанците и Алтернатива- 7,96 отсто, за Левица- 4,14, за Интегра- 1,39, за ДПА- 1,3, додека другите партии и коалиции имаат под 0,4 отсто од гласовите.
