ДИК попладнево ќе ги соопшти неофицијалните резултати од вчерашните избори
16.07.2020 12:43
Сѐ уште се врши прием на материјалот од Општинските изборни комисии и рачно се проверуваат записниците за сумирање и утврдување на резултатите, соопшти ДИК.

Државната изборна комисија попладнево ќе ги соопшти неофицијалните конечни резултати од вчерашните вонредни парламентарни избори.
Сѐ уште се врши прием на материјалот од Општинските изборни комисии и рачно се проверуваат записниците за сумирање и утврдување на резултатите, соопшти ДИК.
Интернет страницата на Државната изборна комисија сѐ уште не работи, откако вчера имало обид за нејзино хакирање.
