Суспендирани летовите меѓу Италија и државава
16.07.2020 13:16
Од авиокомпанијата велат одлуката е резултат на рестрикциите за патување од страна на италијанските власти наменети за летови кон земјава...
„Виз Ер“ до 31-ви јули ги суспендира сите летови помеѓу земјава и Италија. Од авиокомпанијата велат одлуката е резултат на рестрикциите за патување од страна на италијанските власти наменети за летови кон земјава.
Патниците со резервирани билети направени директно преку мобилната апликација ќе бидат известени преку електорнска порака.
Сто проценти од целата сума автоматски ќе им биде вратена на „Виз Ер“ сметката и ќе можат да ги користат во наредните две години.
