ДИК поднесе пријава до МВР за хакирањето на сајтот

16.07.2020 15:37

Сајтот на Државната изборна комисија и денес повремено не работи. Од вчера нивната страница била цел на хакерски напади, за што било пријавено во Министерството за внатрешни работи. Утрово екипа за компјутерски криминал од МВР го испитува случајот, информираат оттаму...

Сајтот на Државната изборна комисија и денес повремено не работи. Од вчера нивната страница била цел на хакерски напади, за што било пријавено во Министерството за внатрешни работи. Утрово екипа за компјутерски криминал од МВР го испитува случајот, информираат оттаму.

Државната изборна комисдија сѐ уште ги проверуваа записниците за сумирање и утврдување на резултатите од избирачките места и од општините, со цел точно да се утврдат неофицијалните конечни резултати, информираат од Комисијата.

По обработени 93,96% од гласачките места Државната изборна комисија соопшти дека коалицијата предводена од СДСМ добила 36,13% од гласовите, а коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 34,65%. За ДУИ гласале 11,57% , а за Алијансата за Албанците и Алтернатива 8,79% од избирачите. Левица добила доверба на 3,96%, а ДПА на 1,48% од граѓаните. Од ДИК велат дека неофицијалните конечни резултати од вонредните парламентарни избори ќе бидат соопштени на попладневната седница.

Од Компанијата каде е поставена апликацијата тврдат дека таа давала резултати за излезноста на секои пет минути. Но, страницата на ДИК била цел на хакерски напад. Тврдат дека нивната апликација е беспрекорна, а интернет страницата била атакувана преку софтверски тероризам.