СДСМ: ДИК да ги поправи грешките и да ги презентира точните резултати
Според податоците на изборниот компјутерски центар на партијата, разликата во корист на коалицијата „Можеме“ изнесува најмалку три мандати. Во податоците презентирани од страна на ДИК забележани се сериозни недостатоци и грешки кои може да даваат неточна слика за конечниот резултат, стои во партиското соопштение.
Социјалдемократите ја повикаа Државната изборна комисија веднаш да ги поправи грешките и да презентира точни резултати пред јавноста. Од таму велат дека според податоците на изборниот компјутерски центар на партијата, разликата во корист на коалицијата „Можеме“ изнесува најмалку три мандати. Во податоците презентирани од страна на ДИК забележани се сериозни недостатоци и грешки кои може да даваат неточна слика за конечниот резултат, стои во партиското соопштение.
Рано изутрината партискиот врв предводен од лидерот Заев им се обрати на сите граѓани честитајќи им за успешните, демократски и современи парламентарни избори на кои, како што рече, победи опцијата која нуди сигурна иднина за Северна Македонија. Заедно со демократското граѓанско мнозинство, СДСМ го победи режимот на ВМРО-ДПМНЕ и го испрати во неповратно минато. Посочи дека тивкиот глас од оние кои не излегле да гласаат е став кој бара правда. Го слушнав и тој став и гласно им ветувам- ќе има правда, додаде Заев.
Коалицискиот партнер на СДСМ, Беса изрази задоволство поради тоа што на овие избори движењето Беса не само што се најде на вистинската страна, туку ги има и бројките во своја полза. Несомнено е дека ќе биде дел од идната Влада, рече Аријанит Хоџа на прес- конференција.
Хоџа додаде дека дефинитвниот резултат ќе го проектира евентуалното учество на други партии во идната Влада на победничката коалиција „Можеме“.
Фиљана Кока
