Мицкоски: ВМРО- ДПМНЕ го има легитимитетот да состави нова влада
Лидерот на опозицијата Мицкоски тврди дека на овие избори ВМРО-ДПМНЕ освоила повеќе гласови од партиите на власта. ВМРО-ДПМНЕ најави дека влегува во трка за мнозинство за составување нова влада...

ВМРО– ДПМНЕ го има легитимитетот да состави нова влада. Разговорите започнуваат- рече лидерот на партијата Христијан Мицкоски неоткривајќи детали, но посочи дека иако е подготвен за преговори, нема да прифаќа уцени ниту да коалицира со, како што рече луѓе осомничени за криминал.
Според него расположението е опозициско, а резултатите покажуваат дека опозицијата освои повеќе гласови од власта. ВМРО-ДПМНЕ, без Беса во редовите на СДСМ, освои повеќе пратенички мандати – рече Мицкоски.
Според Мицкоски, ВМРО– ДПМНЕ извојувале победа во 41 општина, а за нив, тврди, гласале и во албанските средини. Изјави дека овој резултат е постигнат во тешки околности, силни притисоци, и бројни нерегуларности.
Власта спроведе масовен поткуп, народот се определи за промени во сегашната реалност која е тешка и мачна за граѓаните. Тој обвини дека власта создала атмосфера во која вршела поткуп на гласачи преку државните институции и директно на терен. Мицкоски најави дека партијата ќе поднесе до ДИК приговори за текот на гласањето.
Миле Ристески
