Течат роковите за приговори и жалби за изборните резултати
Течат роковите за поднесување жалби и приговори до Државната изборна комисија за спорведување на изборниот процес и резултатите од гласањето. 48 часа по можноста за нивна достава, за три дена ДИК ќе мора да донесе одлука.

Според првичните неофицијални резултати, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 пратенички места, два мандати повеќе од ВМРО-ДПМНЕ со „Обнова на Македонија“ со 44 места.
Овие партии ќе имаат помалку мандати од досега, додека ДУИ со 15 освоени и Алајанса на Албанците со 12 ќе ја зголемат нивната застапеноста во законодавниот дом. Со двајца пратеници првпат влегува Левица.
По пет дена ќе се знае дали и какви поместувања во составот на новиот парламент ќе има откако ќе бидат обработени приговорите. 20 дена по одржаните избори, Претсетадателот на државата во рок од 10 дена треба да го довери мандатот за состав на владата на партијата, односно партиите со мнозинство во парламентот. А мандатарот во рок од 20 дена, на Собранието му поднесува програма и предглага состав на извршната власт.