Потврдени случаи на „син јазик“ кај добитокот

17.07.2020 10:46

По 5 години повторно се појави добиточната болест син јазик. Болеста е потврдена кај 12 овци во регионот на Македонски брод и Кичевско. Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека се преземаат соодветни мерки и се даваат потрбните препораки за сузбивање на нејзиното ширење. Овој вирус не се пренесува на човекот.

Агенцијата за храна и ветеринарство ја потврди појавата на болеста Син јазик кај 12 грла овци во две одгледувалишта во село Грешница, општина Македонски Брод и во село Свињиште, општина Кичево.

На сточарите на ќе им бидат одземени животните кај кои ќе биде потврдено присуство на болеста ќе бидатат обезштетени.

Болеста син јазик не е зооноза односно таа не се пренесува и не е опасна за луѓето но, сепак, не треба да се консумира месо од заболено животно.

Станува збор за вирусно заболување кај домашните и дивите преживари ,овци, кози и говеда.

Синиот јазик се пренесува единствено преку каснување од инсекти, мушички, во периодот на нивната активност, особено од април до ноември, кога има услови за висока температура и влажност. Болеста не се пренесува преку контакт од животно на животно.

Во нашата земја, присуството на син јазик последен пат е евидентиран во 2015 година.

Методија Трајков