ЕУ објави нова листа на земји на кои ќе им биде дозволен влез, Македонија повторно ја нема

17.07.2020 10:59

Од Брисел наведуваат дека листата повторно ќе биде ажурирана за две недели. Препораката на Советот на ЕУ не е правно обврзувачки инструмент и властите на земјите членки може да донесат поинаква одлука...

Советот на Европската унија усвои нова листа на земји чии државјани од вчера им е дозволен влез во земјите на ЕУ, но на која Македонија повторно ја нема. На листата, има 13 земји, а овој пат за разлика на списокот на Советот на ЕУ кој се применуваше од 1 јули тргнати се Србија и Црна Гора поради влошената епидемиолошката состојба со коронавирусот.

Од Брисел наведуваат дека листата повторно ќе биде ажурирана за две недели. Препораката на Советот на ЕУ не е правно обврзувачки инструмент и властите на земјите членки може да донесат поинаква одлука и остануваат одговорни за спроведување на содржината на препораката.