Над четири илјади заразени со Ковид-19 во Скопје
Речиси 1.830 се сѐ уште активни случаи. Во последниот ковид билтен, позитивни се осум проценти од тестираните во едно деноноќие.

Над четири илјади заразаени со коронавирус се регистрирани во Скопје од почетокот на епидемијата. Речиси 1.830 се сѐ уште активни случаи. Во последниот ковид билтен, позитивни се осум проценти од тестираните во едно деноноќие.
Осуммина пациенти починаа во изминатото деноноќие од коронавирусот. Регистрирани се нови 94 заболени, од направените 830 тестирања. Половина од инфицираните се од главниот град.
Во болниците низ земјава се хоспитализирани 427 пациенти, меѓу нив и осум деца. На Инфективната клиника на кислородна поддршка се 42 пациенти, а шестмина на респираторна машина во болницата „8-ми септември“.
Од почетокот на епидемијата, вкупната бројка на ковид дијагностицирани надмина 8.600. Повеќе од 3.600 се сѐ уште инфицирани. Битката со вирусот ја загубија 401 пациент.
