ЕК очекува силен парламент и стабилна коалиција
Во заедничката писмена изјава еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји и шефот на дипломатијата на ЕУ, Јосеп Борел им честитаат на граѓаните што го искористија правотна на глас на изборите и покрај здравствените предизивици со Ковид-19.

Европската комисија очекува силен парламент и стабилна коалиција кои треба да испорачаат резултатите во однос на стратешката цел на земјата, исполнување на обврските кон ЕУ, и забрзување на реформите.
Во заедничката писмена изјава еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји и шефот на дипломатијата на ЕУ, Јосеп Борел им честитаат на граѓаните што го искористија правотна на глас на изборите и покрај здравствените предизивици со Ковид-19.
Оценуваат дека изборите генерално се спроведоа добро и со извесни прилагодувања поради пандемијата, а кампањата беше навистина натпреварувачка, но посочуваат дека „правната стабилност беше поткопана со значителни ревизии на правната рамка и последователните владини уредби“.
