Битола: Загриженост по појавата на новите кластери

17.07.2020 15:00

Новозаболените од ковид во една од битолските текстилни фабрики ги подисплашија битолчани кои поради ниската стапка заболени се опуштија во почитување на протоколите. Од Центарот за јавно здравје велат дека се инфицирани седум работнички, а останатите четири лица се нивни сопружници. Фабриката е затворена, кадарот пуштен на двонеделен одмор.

По последниот кластер што се појави во еден од тексттилните капацитети и во еден ден донесе 11 новозаболени лица со Ковид- 19, битолчани со поголема посветеност ги чекаат билтенот со инфицирани за последните 24 часа. Велат дека досегашната опуштеност поради ниската стапка веќе е нарушена.

Ако досегашните три регистрирани кластери беа помали и семејни, последниов потекнува од индустриски капацитет и е доста поголем, велат од Центарот за јавно здравје. Седум лица од заразените се вработени во текстилната фабрика, а останатите се нивни сопружници. Од страна на епидемиолог веднаш беше направен увид.

Иако епидемиолошкта екипа е мала, во изминатиот пеиод покажа голема стручност за да се има една солидна евиденција и работите се уште се држат под солиндна контола во Битола.

Инаку досега на висина од задачата е битолскиот ковид- центар кој згрижува пациенти од регионов со полесна и средна клиничка слика. Моментално на инфективното одделение згрижени се 37 пациенти.

 

Стевче Митревски