ВМРО-ДПМНЕ бара рачно пребројување, СДСМ не поднесува приговори до ДИК

18.07.2020 16:27

СДСМ не поднесува приговори до ДИК. ВМРО-ДПМНЕ бара рачно пребројување. Левица претпладнево потврди дека испратиле 425 приговори во електронска форма, кои во текот на денот ќе бидат доставени и во писмена форма...

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ бара рачно пребројување на гласовите. Приговорите до ДИК се однесуваат и на кампањата за која како што велат ја воделе од СДСМ за пречкртување на гласачките ливчиња за тоа да се претстави како повик на ВМРО-ДПМНЕ.

Сметаат дека изборниот процес е фалсификат. Посочуваат дека и ОБСЕ и ОДИХР во извештајот за предвремените парламентарни избори порачале дека е нарушената правната стабилност на државата. Бараат Државната изборна комисија да ги испита сите случаи на сомнеж. Сепак, на новинарско прашање од партијата со одговор дека ќе се обидат да состават влада, како партија која има најмногу пратенички мандати.

Од СДСМ со одговор дека на изборите на 15 јули во фер, слободна, демократска и безбедна атмосфера граѓаните масовно го поддржале концептот на СДСМ и коалицијата „Можеме“. Победил концептот за напредок, концепт што носи кон ЕУ и НАТО, концептот кој враќа назад е поразен. Според СДСМ, Деркоски, претседателот на ДИК од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, должи одговори пред јавноста за случувањата на денот на изборите.

Оставка од членовите на ДИК побараа и од коалицијата „Никогаш северна само Македонија“. Оттаму велат дека Државната изборна комисија не поседува професионализам и капацитет за работа. Сметаат дека дека фалсификатот на изборите доаѓа токму од таму.

Изборниот процес бил само фарса, велат и од МОРО - Работничката партија. Бараат увид во гласачките ливчиња. Посочуваат дека недостасуваат многу гласови.

За случувањата во ДИК реакција и од партијата ДОМ. Бараат надлежните институции да спроведат темелна истрага.

Според резулатите на ДИК, на 15 јули, 1.814.236 гласачи беа со право на глас во Избирачкиот список, гласале 942.334, додека 31.466 беа неважечки.

Дијана Ценевска