ДИК ги корегираше бројките на избирачи кои гласале и неважечките ливчиња на изборите

18.07.2020 18:54

Според новите бројки, гласале 943.750 гласачи, а бројот на неважечки ливчиња е 31.564.

Државната изборна комисија донесе заклучок за исправки на техничките грешки направени при објавувањето на бројките во четвртокот доцна попладне, по предвремените парламентарни избори. Според новите бројки, гласале 943.750 гласачи, а бројот на неважечки ливчиња е 31.564.

Претходно, ДИК објави дека вкупно гласале 942.334 гласачи, а неупотребени биле 869.889 гласачки ливчиња, 910.868 биле важечки и 31.466 неважечки ливчиња.

Според оваа изборна математика на ДИК, во заклучокот пред да биде корегиран излегуваа 1.812.223 гласачки ливчиња, а не како што беше објавено од страна на ДИК. Сега, пресметката покажува дека бројот на граѓани кои гласале е зголемен за 1.416, а зголемен е за 148 бројот и на неважечки ливчиња.