ДИК ги отфрли сите приговори поднесени за изборите

20.07.2020 10:15

Државната изборна комисија на синоќешната седница ги отфрли сите 2.142 приговори поднесени од партиите за предвремените парламентарни избори...

ДИК на синоќешната седница ги отфрли сите 2.142 приговори поднесени од партиите за предвремените парламентарни избори. За 1.478 приговори од вкупно 1.982, поднесени од Левица, членовите на комисијата утврдија дека немале потпис од овластениот претставник и немале печат од подносителот на листата, другите 504 не биле поткрепени со докази, а текстот во образлежението бил ист за сите приговори.

За проговорите на Алијанса на Албанците и на Алтернатива исто така беше оценето дека не се поткрепени со докази, како и за приговорите на Демократи, СДУ, Интегра, МОРО- Работничка партија и на ВМРО-ДМНЕ. За одлуките на дик партиите имаат право на жалба до управниот суд.

Дел од партиите најавија дека ќе поднесат кривични пријави против ДИК. Прва Левица, а денеска и коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“.