Протест во ЗК Пелагонија

20.07.2020 13:15

Утринава во ЗК Пелагонија протест на синдикалната организација поради сѐ уште неисплатената јунска плата, ланското К-15, но и отстранувањето од работното место на председателот на синдикатот со 50 насто намалување на платата. Од менаџментот на комбинатот возвратија дека нема никава политика туку самоволие на синдикалниот лидер...

Последниов протес во ЗК Пелагонија добива и политички примеси. Освен за сѐ уште неисплатената јунска плата и ланското К-15 се протестира и за донесениот налог за отстранување на председателот на синдикатот од работа со 50% од примањата. Недоразбирањата со менаџментот како што вели синдикалниот лидер, настанале откако не бил испочитуван и новиот договор со кој требало популарното ланско К-15 требало да биде исплатено до крајот на минатиот месец. На прашањето зошто е вака, ми беше одговорено- срушете ја оваа власт ако сакате К-15, вели Милевски.

Од раководството на комбинатот велат дека уште во текот на денот ќе биде исплатена јунската плата, а со приливот на средствата од жетвата ќе биде исплатен и надоместокот за регрес. Според нив нема основ за штрајкот, ниту пак политика, туку се работи за самоволие.

Председателот на синдикатот вели- остануваат и понатаму единствени затоа што како членка на Агро- синдикатот и согласно со законските регулативи, налогот за негово отстранување е неоснован. Инаку со протестот нема никакви застои во единиците на комбинатот.

Стевче Митревски