Кривична пријава и тужби поради одлуките на ДИК

20.07.2020 16:01

ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Левица со тужби до Управен по одлуките на ДИК. За погрешно име отпечатено на гласачкото ливче Кекеновски со кривична за Комисијата...

Коалицијата „Никогаш северна- само Македонија“ во Јавното обвинителство поднесе кривични пријави против претседателот и членовите на Државната изборна комисија. Наместо со ова име да бидат впишани и во гласачкото ливче, таму биле запишани како „Единствена Македонија“ која е партија дел од коалицијата. Доколку Обвинителството не постапи по пријавите, Професорот Јове Кекеновски најавува тужби пред Меѓународниот суд.

Во меѓувреме откако ДИК ги одби сите приговори, сега на ред е Управниот суд. На Левица ѝ беа одбиени близу 1.500 приговори, па партијата најави тужби до судот. Во ВМРО- ДПМНЕ велат дека нивната правна комисија сѐ уште ја разгледува можноста за поднесување тужби. Од таму велат дека околу коалиционирање за формирање нова влада сите опции се отворени.

Последен кој ќе пресече пред ДИК да ги објави конечните резултати е Управниот суд. Партиите откако ќе ги добијат решенијата од Изборната комисија имаат рок од 24 часа да поднесат тужба до судот, кој пак за 60 часа треба да одлучи по поднесената тужба. Разговорите за формирање нова влада се очекува да се интензивираат по 2-ри август, тајминг што го одреди Заев како лидер на коалицијата со најмногу мандати во парламентот.

 

Миле Ристески