Дали Струмица ќе стане ново жариште со Ковид- 19?
Дали Струмица ќе стане ново жариште со Ковид- 19 по лудите журки во клубот Аватар кој два викенда го полни со млади. Денес во Струмица позитивен 24 годишник...
За синоќа клубот Аватар од Струмица имаше најавено гости, македонска група, ама забава немаше. Затворија по низата реакции, а денес заработија и кривична пријава по член 205 и 206 од Кривичниот законик.
Кафетериите и во последно време поактуелните „кафе ту го“, во Струмица се преполни. Сликата вообичаена како и минатото лето, кога немаше Корона. Масите преполни, без маски и без дистанца од 2 метра, пропишана со новите правила. Решивме да снимаме ама наидовме на жестоки реакции. Сопствениците на локалите велат дека на сила не можеле да ги натераат луѓето да стават маски.
Струмица од почетокот на епидемијата во земјава има регистрирано 39 позитивни, а активни во моментов се 17 лица. Од ЦЈЗ Струмица, сепак загрижени оти позитивните се од различни кластери. Се плашат дека ситуацијата може да ескалира ако се продолжи со ова темпо. Денес позитивен е тестот на 24 годишен струмичанец.
Граѓните на Струмица уште од самиот старт на епидемијата со Ковид- 19 се најнедисциплинирани по однос на почитување на мерките за заштита. Најмногу казни се испишани, ама граѓаните и понатаму си тераат лежерно.
Стојне Митева
