ВМРО-ДПМНЕ: Извршниот комитет го овласти Мицкоски да преговара за составување влада

21.07.2020 10:39

Според соопштението, на својата прва седница по предвремените парламентарни избори Извршниот комитет заклучил дека изборите „се одржале во недемократска атмосфера со масовно поткупување гласачи, спроведено од сегашната влада на СДСМ“.

Извршниот комитет на опозициската ВМРО -ДПМНЕ го овласти претседателот Христијан Мицкоски да ги продолжи разговорите „во обид да формира ново парламентарно мнозинство“.

Според соопштението, на својата прва седница по предвремените парламентарни избори Извршниот комитет заклучил дека изборите „се одржале во недемократска атмосфера со масовно поткупување гласачи, спроведено од сегашната влада на СДСМ“.

На денот на изборите се забележани „бројни недостатоци“, но Државната изборна комисија ги отфрли приговорите на ВМРО ДПМНЕ, за што партијата „ќе поднесе тужба до Управниот суд“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.