Ковид-19: Досега заразени 9.249, активни 3.946 случаи
Епидемиолозите апелираат ситуацијата сериозно да се сфати, да се носи заштитна опрема и да се одржува растојание. Во последниот ковид билтен вчера беа регистрирани 10 лица кои ја изгубија битката со Ковид-19, додека дел од здравствените капацитети низ земјава се речиси целосно исполнети...

Од почетокот на епидемијата бројот на заболени граѓани со коронавирусот надмина 9.200, активни се над 3.900 случаи. Од вирусот починаа 432 граѓани. Здравствените власти очекуваат бројката заразени да расте по прославите на изборните резултати, но и забавите кои деновите беа сè почести во ноќните клубови и во дискотеките.
Епидемиолозите апелираат ситуацијата сериозно да се сфати, да се носи заштитна опрема и да се одржува растојание. Во последниот ковид билтен вчера беа регистрирани 10 лица кои ја изгубија битката со Ковид-19, додека дел од здравствените капацитети низ земјава се речиси целосно исполнети.
Во болниците се лекуваат 425 пациенти. На Инфективната клиника 43-ца се на кислородна поддршка, а во болницата „8 Септември“ тројца пациенти се на респираторна машина.
