До 10 часот никој не поднел тужби до Управниот суд
Течат роковите за поднесување тужби, откако Државната изборна комисија ги одби сите 2.142 приговори од партиите по објавување на резултатите од 10-тите парламентрани избори.

До 10 часот утрово немало пристигнати тужби до Управниот суд, иако речиси сите политички субјекти најавија дека ќе достават. Течат роковите за поднесување тужби, откако Државната изборна комисија ги одби сите 2.142 приговори од партиите по објавување на резултатите од 10-тите парламентрани избори.
Управниот суд има рок од 60 часа по приемот да одлучи за истите. По завршувањето на фазата преку Уставниот суд, резултатите стануваат официјални, а потоа се очекува да се интензивираат преговорите помеѓу политичките партии со цел составување на нова Влада.
Крајниот рок за одржување на конститутивната седница на Собранието е 4-ти август.
