Само една тужба доставена до Управен суд, роковите течат
Иако речиси сите политички субјекти најавија дека ќе достават, досега само една тужба. Течат роковите за нивно поднесување до Управниот суд , откако Државната изборна комисија ги одби сите 2.142 приговори од партиите...

Иако речиси сите политички субјекти најавија дека ќе достават, досега само една тужба. Течат роковите за нивно поднесување до Управниот суд , откако Државната изборна комисија ги одби сите 2.142 приговори од партиите по објавување на резултатите од предвремените парламентрани избори.
Управниот суд има рок од 60 часа по приемот да одлучи за истите, а по завршувањето на фазата преку Уставниот суд, резултатите стануваат официјални. Потоа се очекува да се интензивираат преговорите помеѓу политичките партии со цел составување на нова Влада.
Крајниот рок за одржување на конститутивната седница на Собранието е 4-ти август.
