Почна судењето за „Меѓународен сојуз“, обвинетите не чувствуваат вина
Според Обвинителството, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски- Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра.

Почна судењето за „Меѓународен сојуз“. Во образложението обвинителката Вилма Рускоска вели дека имаат докази дека тие пари завршиле кај Бојан Јовановски, а оштетените никогаш не ги побарале парите и никогаш не прашале до каде е проектот.
Според Обвинителството, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски- Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра.
Русковска тврди дека Обвинителството има несоборливи докази за обвинетите за делата за кои се товарат.
Бојан Јовановски пак во воведните збори за случајот „Меѓународен сојуз“ рече дека долго размислувал дали да дава одбрана во предметот, бидејќи смета дека веќе е донесена одлуката.
Покрај него, обвинети се Јасна Мандиќ, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска, за кривичните дела „измама“ и „перење пари“.
