Домот за стари лица во Радовиш ставен во карантин

21.07.2020 13:35

Домот за стари лица во Радовиш под карантин. Шест штитеници се позитивни на коронавирус, двајца се веќе хоспитализирани во Штипската болница. Има тројца заболени и меѓу вработените...

Радовишкиот Дом за стари лица ствен во карантин. Двајца корисници позитивни на Ковид- 19 веќе се хоспитализирани во штипската клиника, а позитивни се уште четворица кои се сместени во домот, но се во добра општа здравствена состојба. Не се позитивни само старите лица кои се корисници, позитивни се и 3 вработени лица.

Забраната за посета на старите лица во домот била донесена пред регистрирањето на првиот позитивен случај. Прва се заразила една од вработените, а вирусот се проширил и на штитениците.

Возрасните генерално ги почитуваат безбедносните мерки, ама младите речиси насекаде се без маска, а дистанцата која е пропишана никој и не ја почитува. Стравувањата на инфектолозите од југоистокот е дека безразличноста на младите ќе наштети на повозрасната популација.

Во моментот во Радовиш има вкупно 19 активни случаи.

 

Стојне Митева