Пломбирани вратите на „Аватар“
21.07.2020 13:48
Инспекторите во петокот извршиле контрола и подготвиле записник, а најавија и кривична пријава со став дека локалот во моментот не смее да работи.
Државниот пазарен инспекторат ги пломбира вратите на ноќниот клуб „Аватар“ во Струмица каде за време на викендот имаше забави со голем број гости без да се почитуваат прописите за заштита од коронавирусот.
Инспекторите во петокот извршиле контрола и подготвиле записник, а најавија и кривична пријава со став дека локалот во моментот не смее да работи.
Од менаџментот пак посочија дека работат како кафе бар на отворено и се придржуваат до прописите.
