За Илинден Пендаровски во Пелинце, Џафери во Крушево, Спасовски во Скопје

21.07.2020 13:56

Ресорот за здравство е задолжен преку Комисијата за заразни болести да обезбеди протокол за организирање на државните настани во време на пандемија. Нема да има масовни прослави...

Годинава за Илинден претседателот Стево Пендаровски ќе ја предводи државната делегација во Пелинце, претседателот на Собранието во оставка Талат Џафери ќе биде во Крушево, а техничкиот премиер Оливер Спасовски во Скопје.

Владата заклучила со организацискиот одбор за прославата на Илинден да раководи премиерот Спасовски, а во него да бидат вклучени претставници од кабинетот на премиерот и владиниот сектор за односи со јавност.

Ресорот за здравство е задолжен преку Комисијата за заразни болести да обезбеди протокол за организирање на државните настани во време на пандемија. Нема да има масовни прослави, а учесниците ќе носат заштитни маски и ќе се држи препорачаното растојание.

Централната прослава на Илинден е на 2-ри август, на Мечкин камен. Чествувањето на Илинден и 117-годишнината од Илинденското востание ќе бидат одбележано достоинствено, а манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ ќе биде видоизменета, вели градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.