Димитров- Адрикиене: Новата влада ќе се посвети на продолжување на реформите
Новата влада ќе се посвети на продолжување на реформите и надминување на слабостите на изборниот процес- средба на министерот за надворешни работи Димитров и шефот на специјалната оценска комисија на ОБСЕ/ ОДИХР Андрикиене...

Новата влада ќе се посвети на продолжување на реформите и надминување на слабостите на изборниот процес- средба на министерот за надворешни работи Димитров и шефот на специјалната оценска комисија на ОБСЕ/ ОДИХР Андрикиене.
Покрај отежнатите околности од пандемијата, граѓаните имаа можност врз основа на компетитивна кампања на политичките партии и слободните медиуми да донесат информирани одлуки и да ја изразат својата волја на демократски начин- посочил Димитров.
Според соопштението од МНР, Андрикиене истакнала дека изборите биле спроведени на ефикасен начин, според меѓународни стандарди и протоколи и се очекува подобрување на изборното законодавство и зајакнување на капацитетите на изборните органи.
