Истражување: Повеќе пари се трошат за лекување, отколку за спречување на можни заболувања
Повеќе пари се трошат за лекување, отколку за спречување на можни заболувања кај граѓаните- стои во истражувањето на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените. Во заклучоците се наведеува- поради недоволно инвестирање во јавното здравје, властите се справуваат со ситуации со краткорочни поместувања...

Повеќе средства се трошат за лекување, отколку за спречување на можни заболувања кај граѓаните – покажува истражувањето на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените. Според податоците, недоволното инвестирање во јавното здравство и несоодветното распределување на средства помеѓу разните функции во здравството доаѓа до израз токму сега, кога сите слабости излегле на површина, а властите се справуваат со ситуацијата со краткорочни премостувања.
Истражувањето покажало дека најмалку 100 илјади граѓани немаат пристап до една или повеќе од основните здравствени услуги, а најмалку 40 илјади луѓе се соочуваат со потешкотии во пристап до здравствена заштита заради финансиски проблеми. Иако граѓаните директно обезбедуваат најмногу средства во буџетот на државата, сепак тие имаат ограничен пристап до основните здравствени услуги.
Од Здружението велат дека преку програмите за мајки и деца се печатат материјали, но само мал дел завршуваат во рацете на најранливите категории, како што е Ромската заедница. И работата на патронажната служба не е регулирана на правен документ и нејасно е по кои принципи работи. Поради овој факт, истражувањата на терен покажуваат дека дури 41 процент од жените Ромки, во општините Шуто Оризари, Делчево, Пехчево и Виница, не добиле соодветна помош од овие служби, иако нивните посети се многу важни за време на бременост.
Истражувањето е спроведено во период од ноември 2019 година до јануари 2020 година врз 1.994 испитаници.
Александра Спировска
