Судење за случајот „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски повторно на обвинителна клупа

21.07.2020 16:03

„Лажно формирана хуманитарна организација како да е под покровителство на ЕУ за да се измамат бизнисмени“, воведни зборови на Вилма Русковска на главната расправа за случајот „Меѓународен сојуз“. Петмината обвинети не се чувствуваат виновни. Почна судскиот процес...

Бојан Јовановски како претседател на „Меѓународниот сојуз“ ги довел во заблуда бизнисмените од градежниот сектор, Силјан Мицевски и Адриан Амзоски, и лажно им прикажувал дека ќе обезбеди државно земјиште за изградба на центарот, рече во своето воведно излагање, обивнителката Русковска. Посочи дека такви лаги за оваа организација може да смисли само девијантен и криминален ум. На тоа реагираше обвинетиот Јовановски велејќи дека обвинението е девијатно алкохолизирано. Бојан се служи со лични квалификации, одговори Русковска.

Според обвинението, Фросина Ременски користејќи ги својот углед и авторитет како потпретседателка на СДСМ, а потоа и на Собранието, одела на средбите на Боки со оштетените бизнисмени. Обвинителката тврди дека таа му давала совети и упатства како бизнисмените да стекнат доверба во наводниот проект, а потоа и да ги уплатат парите.

Ременски реагираше- бизнисмнените беа блиски на партијата, имав средби од друга природа со нив. Русковска е пристрасна, затоа барав изземање.

Адвокатот на обвинетиот Јовановски излегувајќи од судот им дофрли на медиумите зошто го снимаат таткото на Јовановски, кому му се слоши двапати, поради што беше прекинато судењето. Дури си дозволи да им суди на медиумите што и кога треба да снимаат. МТВ, чиј репортер го предупреди за таквото однесување, и кому Дуковски му се закани дека нема да му даде изјава, во интерес на јавноста сепак пренесува дел од неговата изјава.

Според обвинението преку Македонска авторска агенција, бизнисменот Силјан Мицевски во име на фирмата „Пелистер“ исплатил близу 720 илјади евра на сметката на сведокот Лилјана Тодоровска, а Амзоски во име на „Дрим билдинг“ близу 234 илјади евра на сметката на Јасна Ерцеговиќ, која се водела како наводен коавтор на проектот. Судењето продолжува во четврток.

 

Фиљана Кока