МОФ: Дигитализацијата да оди рака под рака со образовниот процес

21.07.2020 16:10

На 1-ви септември се враќа предизвикот да се организира настава во време на епидемија. Истражувањето на Младинскиот образовен форум покажува дека генерално, далечинското учење било лошо организирано, а голем дел од наставниците немаат соодветни знаења и вештини да го спроведат. Надежите се дека ќе се научи од досегашните искуства и ќе се надминат проблемите...

Дигитализацијата да оди рака под рака со образовниот процес, повика Младинскиот образовен форум. Оценуваат дека надлежното министерство, заедно со Бирото за развој на образованието имаат добра иницијатива со тоа што предложија документ во којшто се наведени сите аспекти од концептот за далечинско образование, предизвик со којшто повторно ќе се соочиме од септември поради пандемијата.

Сепак, има и неколку недостатоци, велат од Младинскиот образовен форум. Периодот за забелешки бил краток, документот е обемен, а младите не биле консултирани.

Истражувањата покажуваат дека наставниот кадар сѐ уште не е подготвен, велат од Фондацијата Метаморфозис.

Да им се овозможи пристап до образованието на сите оние коишто не можат да одат на училиште, вели Стојановски. Објаснува дека има категории на деца, на кои им треба таков тип на поддршка, бидејќи од разни причини не можат да посетуваат настава.

Ана Јосифоска- Тодоровска