Поригорозни мерки за заштита и повеќе инспекциски контроли
Прилепчани реагираат по најавата дека Обвинителството оформи предмет да ја испита евентуаланта кривична одговорност за викенд забавата со многу млади во ноќен клуб. Бараат поригорозни мерки. Од Здружението на угостители ги повикуваат инспекциите за перманентни контроли...

Поригорозни мерки за заштита, зашто сегашните не се почитуваат, главно бараат прилепчани, а од Здружението на угостителите - инспекторите со поголеми контроли. Ова е по најавата на прилепското обвинителство дека оформи предмет по допрен глас дека во ноќен клуб викендот се организирала забава со многу млади. Сомневањата се дека одговорните не постапувале според здравствените прописи.
Граѓаните, претежно помладите, признаваат дека не се почитуваат мерките, а кај угостителите се загуби дистанцата на масите.
Иако смета дека повеќето од 80- ината членки почитуваат мерки, Здружението на угостителите апелира тоа да не са загуби од вид и ги повикува инспекциите да контролираат.
Во Прилепското обивнителство велат- работат на предметот.
Според Обвинтелството, сѐ уште се утврдува фактичката состојба и евентуалната кривична одговорност. Се прибираат доказите, се сослушуваат сведоци.
Во Прилеп моментално се активни 55 случаи на заразени, а во изолација се 83 лица.
Елизабета Митреска
