Ковид-19: Нема починати, 163 новозаразени, 69 оздравени
По подолго време, нема починати од коронавирус. Откриени се 163 нозаразени, а 69 пациенти оздравеле. Двегодишно дете е најмладиот позитивен на коронавирус во Штип. Кризниот штаб на општините од гостиварскиот крај оцени дека ситуацијата е алармантна...

Нема починати од коронавирус. Откриени се нови 163 случаи преку повеќе од 1.600 тестирања. 69-мина оздравеле. Најновите податоци покажуваат дека на Инфективната клиника на кислородна поддршка се 34 пацинети. Во болницата „8 Септември“, седуммина се на респиратор.
Во Штип, најмладиот пациент има две години. Кризниот штаб за општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше предупреди дека таму, состојбата е алармантна. Во моментов имаат 200 активни случаи.
Неделниот извештај на ИЈЗ покажува дека изминативе седум дена се намалил бројот на новозаболени и на оздравени, но се зголемил на починати. Во овој период биле регистрирани повеќе од илјада позитивни на Ковид-19, односно за 35 помалку од претходната недела. Најголем процент од новозаразените се на возраст од 40 до 49 години, а потоа следуваат оние над 60 години.
Дијана Ценевска
