Управен суд: Почнаа јавните расправи за поднесените тужби

22.07.2020 13:00

Уште 102 тужби за заштита на избирачкото право на подносители на листи стигнаа на адреса на Управниот суд. Петте совети ги почнаа јавните расправи по веќе пристигнатите 76 од коалицијата Алијанса за Албанците и Атернатива и партијата Интегра...

Управниот суд ги почна јавните расправи по поднесените тужби на решенијата на Државната изборна комисија по доставените приговори за изборниот процес. Досега на адреса на судот, 76 испратиле коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива и партијата Интегра. И Левица поднесе 102 тужби, за како што информираат, заштита на избирачкото право на подносителите на листите.

Рокот за достава е 24 часа по добивањето на решенијата од ДИК. Со оформени пет совети од по 28 судии, од кои тројца ротациски, Управниот суд е подготвен за разгледување на тужбите кои ќе пристигнат од политичките субјекти, велат од институцијата.