Затворен граничниот премин „Меџитлија“

22.07.2020 13:04

Сите возила кои планираат влез и излез од земјава ќе мора да го користат граничниот премин „Евзони“ ...

Грчката влада го затвора граничниот премин „Ники“ односно „Меџитлија“ за патнички и товарен сообраќај од денеска до четврти август согласно со новите протоколи и рестриктивни мерки за Ковид-19 .

Сите возила кои планираат влез и излез од земјава ќе мора да го користат граничниот премин „Евзони“ – информираат од Министерството за внатрешни работи.