Крушево: Илинден ќе се прославува достоинствено и со протоколи
Крушево и Македонија на Мечкин камен ќе го имаат одбележувањето на големиот Илинден и 117-годишнината од Илинденското востание, ама со заштитни мерки и без големи собирања. Стигнаа протоколите за прославата. Манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ ќе го има отворањето, ќе стигнат коњаниците, ама ќе нема културни настани. Постителите може да дојдат но со почитување на заштитата...

Без големи собири, поскромно, ама достоинствено ќе се прославува големиот Илинден во Крушево и 117-годишнината од Илинденското востание. Крушево ги доби протоколите за прославата. Ќе им се оддаде почит на Илинденците и на хероите на месноста Слива, во Македониоумот, на Мечкин камен. На Мечкин камен ќе има обраќање, гости на одредено растојание и посетители, ама според заштитните мерки.
Манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ ќе го има отворање вечерта на први август на Гумење со подигнување на бајракот на Републиката, ама ќе нема културни настани за да се избегнат групирањата. Коњаниците ќе пристигнат, се очекува да тргнат од понеделник.
Со Крушево, домаќин на годинашнаво одбележување на Илинденското востание е и републичкото Собрание.
Елизабета Митреска
